Резултати: Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 прв избор за Европското првенство, следно е Балканското
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Државното првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година што се одржа во недела во Скопје беше од критериумски каракатер за Европското првенство во Сочи, Русија, во февруари 2018 година. Но конечниот список на репрезентативци ќе биде познат по Балканското првенство во Хрецег Нови, Црна Гора, во декември.

И балгодариме на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) што се труди јавноста да не ги добива резултатите, па тоа мора да се исправа со оние кои сакаат остварувањата да бидат презентирани во јавноста.

Од друга страна, загрижувачки е фактот што имаше само 219 натпреварувачи во три возрасни конкуренции и во борби и во  кати, односно во 35 категории во просек по 6 натпреварувачи во категорија. Но тоа би било и добра математика, бидејќи најбројната категорија беше со 14 каратисти, ама затоа повеќето беа со еден или двајца натпреварувачи, посебно оние  кои се веќе пред вратата или се дел од сениорската конкуренција (јуниори и У-21). Ако на ова се додадат и разно-разните игри и игрички да пројдат нечии пулени, тогаш нема да биде чудење ако на наредните првенства имаме и помалку натпреварувачи. И многу тешко ќе се обезбедуваат норми за Олимпијадите, младинската во Аргентина идната година и онаа главната во Токио 2020 година.

Во У-21 шампиони станаа: Бонсаи – Прилеп – екипно кати машки,  Димоска Маријана Ронин – кати индивидуално, Исиќ Ферри Вардар – кати индивидулано машки; борби – Манговска Драгана (-50 кг) Металург, Пендаровска Моника (-55 кг) Макпетрол, Костовска Вероника (61 кг) Кеикс, Мојсовска Ангела (-68 кг) Макпетрол, Ана Савиќ (+68 кг) Тигар; Марку Ардит (-60 кг) Уранику, Василески Константин (-67 кг ) Спорт 94, Заборски Петар (-75 кг) Макпетрол, Спасеновски Петар (-84 кг) Металург и Ристески Андреј Спорт 94 (+84 кг).

Најуспешен е Олимпик спорт 2007 со 13 медали – 10 златни, 2 сребрени и 1 бронзен, потоа следат Металург 15 (4-5-6), Макпетрол 11 (4-1-6), Ронин 6 (3-2-1), Фати 6 (2-2-2), Гладијатор 5 (2-1-2) итн.

Во продолжение може да ги видите комплетните резултати.

Официјални резултати – Државно карате првенство за кадети, јуниори и У-21.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone