Рампејџ тешко до победата против Ишии (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

rampage ishii

Откако одработи една борба за УФЦ, Квинтон Џексон се врати во Белатор за да го одработи до крај договорот.

„Рампејџ“ на Дајнамајт2 во Сент Луис во тешко извијувана, а можеби и контроверзна поделена одлука на судиите, го победи Сатоши Ишии. И додека Американцот се бунеше оти Јапонецот сака да се вклучи во отворена размена на удари, Ишии во неколку наврати во текот на првата и втората рунда го уриваше Џексон. Во третата успеа да го запре, а претежно погодуваше со аперкати и со колено во телото од клинч.

Додека по еден од судиите даде победа и на Американецот и на Јапонецот 29-28, третиот му даде чиста победа на Џексон 30-27.

Мајкл Чендлер повторно стана шампион во лесна категорија нокутирајќи го во првата рунда од борбата за испразнетата титула Патрик Фреир.

Мет Митрион во дебито за Белатор за малку повеќе од 3 минути го нокутираше Карл Сеуманутаф.

Хисако Като прво го нокуатираше Џо Шилинг во ММА борба минатата година, а тоа го повтори и во кик бокс борбата. Като го нокутираше Шилинг со тупаница од вртење и притоа му го скрши забот.

Сопруга Хесди Гергеш, Денис Килхолц е поразена со поделена одлука од Глорија Перито. Белатор избра уште еден лесен противник на Рејмонд Даниелс за да може тој атрактивно да го заврши, што и го направи тоа.

Bellator 157/Dynamite 2

Quinton Jackson – Satoshi Ishii (podelena odluka sudiite; 29-28, 28-29, 30-27)
Michael Chandler – Patricky Freire (KO, R1)
Ilima MacFarlane – Rebecca Ruth (submission, rear-naked choke, R2)
Matt Mitrione – Carl Seumanutafa (KO, R1)


Kick boks:
Hisaki Kato – Joe Schilling (KO, R2)
Gloria Peritore – Denise Kielholtz (podelena odluka sudiite, 29-28, 28-29, 29-28)
Kevin Ross – Justin Houghton (ednoglasna odluka sudiite, 29-28, 29-28, 29-28) 

Raymond Daniels – Stefano Bruno (TKO, R1)

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone