Различни тарифи на финансирање на КФМ за ЕП во Сочи, со освоен медал се враќаат парите на самофинансираните каратисти
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе трипартитна одлука за финансирање на натпреварувачи кои избориле право на настап на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи, Русија, од 2 до 4 февруари 2018 година, на седницата на Извршниот одбор одржана на 23 декември 2017 година.

Па така, на натпреварувачите кои обезбедиле право за настап на Европското првенство, а кои освоиле златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Херцег Нови, Црна Гора, ќе им бидат покриени средствата во висина од 100 отсто и тоа за: превоз, сместување и исхрана и котизација. Додека оние што освоиле сребрен медал ќе бидат покриени со 50 проценти и тоа за: превоз, сместување и исхрана  и котизација, а останатите ќе се финансираат самостојно.

По стариот обичај, КФМ посочува дека ако некој од натпреварувачите направи резултат, ќе му се рефундираат средствата, согласно Правилникот за за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни сeлекции на Република Македонија.

Ако пак Агенцијата за млади и спорт и додели средства за ова Европско првенство КФМ, согласно износот на добиените средства, ќе ги распредели и трансверира рамномерно на клубовите за сите натпреварувачи за кои трошоците за настап на ЕП во Сочи, Русија, не биле покриени од КФМ.

Натпреварувачи на кои 100 проценти ќе и бидат покриени трошоците се: Свинарски Марио, Стојановски Христијан, Смилковски Столе, Весели Фахик, Пендаровска Моника и Османи Доан во кумите; со 50 отсто се: Василески Константин, Костовска Вероника, Мојсовска Ангела, во кумите и Димоска Маријана, Неделковски Александар во кати, како и ката тимот кадети-јуниори машки во состав Васиќ Јован, Бановски Георги и Димитријевски Христијан.

Ова одлука на КФМ неколоку пати се менуваше, но најпрадоксланото е тоа што ако некој не е финансиран 100 отсто, а освои медал ќе му се вратат средствата. Бидејќи тие натпреварувачи стартуваат со хендикеп во финансиска смисла, тогаш, како на „спортска“, тие со „хендикеп“ треба да добијата двојно и тројно повеќе.

Да потсетиме дека минатата година на Европското првенство во Софија, Бугарија, освојувачот на единствениот медал за Македонија, Петар Заборски, како и неколку поранашени медлаисти од ЕП-та сам си го платија учеството. За кабаетот да се исправи на сите учесници потоа и ги враќаа парите.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone