Радичевска петта на ЕП, Турција најуспешна со 12 медали, Македонија 10-та
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Сара Радичевска на крајот го освои петото место на Европското првенство во Коџаели, Турција, бидејќи во борбата за бронзениот медал во категоријата до 50 килограми беше совладана од домашната каратистка Серап Озџелик со 0-6.

Втората бронза и припадна на Бетина Планк од Австрија по победата од 3-0 над Адријана Чронкова од Чешка. Европски шампион е Катерина Крива од Украина која во финалето беше подобра од Греманката Дујгу Бугур 8-1.

Македонските репрезентативци шампионатот го завршија со два медала, сребрен на Берат Јакупи (-84 кг) и бронзен за Јована Георгиева (-55 кг).

Пред утрешните натпревари екипно во борби мажи и жени и ката тимови кај мажите, Турција е најуспешна на Европксото првенство со 12 медали – 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени, потоа следат: Италија 6 (2-2-2), Ураина 5 (2-1-2), Шпанија 3 (2-0-1), Франција 5 (1-2-2), Србија 4 (1-1-2), Австрија 2 (1-0-1), Латвија 1 златен, Русија 3 (0-1-2), Македонија 2 (0-1-1)…

Забележителен е скокот на Турција бо дебаклот на Светското првенство минатата година, но забележителни се златнит е медали на Латвија, Австрија, Украина. Азербејџан се задоволи со само две бронзи

Шампиони на Европа се:

Кати
Сандра Санчез – Шпанија
Демијан Кинтеро – Шпанија
Украина – екипно жени

-50 кг – жени
Катерина Крива – Украина

-55 кг
Туба Јакан – Турција

-61 кг
Јована Перковиќ – Србија

-68 кг
Алиса Бухингер – Австрија

+68 кг
Лор Флорентин – Франција

-60 кг – мажи
Калвис Калнин – Латвија

-67 кг
Бурак Ујгур – Турција

-75 кг
Луиџи Буса – Италија

-84 кг
Аткаш Угур – Турција

+84 кг
Симоне Марино – Италија

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone