Претседателот на МОК, Васил Тупурковски е импресиониран од Гоце Јанески, а за Регионалната лига вели дека е полн погодок (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Синоќешната средба од Регионалната лига во Штип меѓу Пинк Пантер и европскиот првак Сесвете од Загреб ја следеше и претседателот на МОК, Васил Тупурковски. Тој беше во друштво со повеќе познати спортски и боксерски работници од градот под Исарот, меѓу нив и легендата на штипскиот и македонски фудбал Влатко Костов, па Илија Младеновски, Димитар Ташков, Ристе Грбев…


„Дојдов во Штип, на лице место, да видам како напредуваат работите во македонскиот бокс . Видов убав ринг, со олимписки димензии, дело на боксерските работници на Пинк Пантер, видов и убави и квалитеттни борби. Ме импресионираше борбата на Гоце Јанески, иако и другите боксери оставија добар впечаток, како Денис Муаремовски, Александар Ристовски, Дејан Ристевски… Морам да кажам –Регионалната лига е „полн погодок“. Не случајно и ние го помагаме и поддржуваме Пинк Пантер и сите федерации кои можат да обезбедат кандидати за ЛОИ во Токио… Во Штип видов дека не залудно сме трошеле пари“, изјави Васил Тупурковски.


Треба да се додаде дека на последното гостување во БИХ, во Бјелина, МОК го обезбеди комбето за превоз на боксерите на Пинк Пантер.


Претседателот на Боксерскиот сојуз на Хрватска, Бона Бошњак, кој е и претседател на Тренерската организација на ЕАБА, со многу импресии зборуваше за претстојот во Штип.
„Одушевени сме од гостопримството во Штип. Впрочем, една од задачите за формирањето на Регионалната лига беше да воспоставиме соработка и блиски односи со сите држави од екс-југословенските простори. Таа задача ја реализираме, но и повеќе од тоа. Од коло во коло гледаме се поквалитетен бокс. Досега не сме забележале ниту еден екцес во лигата. И публиката е коректна. Еве, во Штип по секоја наша победа не наградуваше со аплаузи. Идната година Региналната лига ќе биде проширена и со клубови од други држави. Мене посебен впечаток ми остави боксерот во категоријата до 75 килогтрами (Гоце Јаневски).Сметам дека ако продолжи вака ќе нема конкуренција на овие простори, а може да стигне и до медал од некое врвно меѓународно првенство“, рече Бона Бошњак.

Мечот меѓу Пинк Пантер и Сесвете заврши со победа на гостите од 4-12.
Инаку, пред борбата на Пинк Пантер и Сесвете се одржаа и воведни борби на пионери. Нстапија и две девојчиња, кои имт 9 и 11 години,Мила и Сандра Геориева, две братучетки.

Ipon.mk/К.М.-В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone