Прва и Младинска лига: Шакировски славеше за 30 секунди, Мицевски и Фератов откритија, Чаир сигурно гази (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Четвртото коло на Првата и Младинската боксерска лига донесе неколку интересни борби, брзи пре прекини, нови боксери и зацврстување на челната позиција на БК Чаир во Првата, но и на Младинската лига. Пинк Пантер настапи со двјаца нови боксери.

Оран Шакировски за забележа најбрзата победа во еден фуриозен бокс против Марко Стојановски, за само 30 секунди.

Марко Мицевски (Пинк Пантер) и Октај Фератов (Борец) се откритие за македонската боксерска јавност, а прикажаа навистина добар бокс. Мицевски бокс тренирал во Италија, додека Фератов кик бокс во Германија и само некое време тренира со Борец. Впрочем добиваше инструкции и на германски јазик.

Сугирни борби прикажаа и не дозволија изненадувања Алмир Нуришов, Љуљлзим Исмаили, Алим Насуфи, а Осман Демиров со финеси ја доби борбата со Синан Џеладин, Шпенд Гафури, Елмедин Истреф и Риад Ајдини беа сигурни на рингот.

И во воведните борби видовме добар бокс.

Кадети

-66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Риад Ајдини (Шкупи) 2-0 (ТКО, Р1)

Казимов буквално од првата секунда го нападна Ајдини и го натера беспомошно да се брани. На 1:42 минути до крајот тренерот Насер Харуни ја предаде борбата бидејќи на неговипот боксер му беше раскрвавен носот.

+80 кг Серген Демиров (Баргала) – Стево Илиќ (Ас) 3-0

Изедначена борба во првата рунда, при што Илиќ наметнуваше борба од близу, бидејќи Демиров ги добро користеше подолгите раце. И втората рунда помина во ист стил, со тоа што имаше повеќе туркање и трчање. И третата рунда не беше поразлична од претходните две. Неколкуте удари во целиот меч го решија победникот.

Јуниори

-56 кг Марко Стојановски (Универзалци) – Оран Шакировски (Пинк Пантер) 0-2 (ТКО, Р1)

Оран Шакироски за 30 секунди го совлада Марко Стојановски. Тргна со атомски бокс ала Мајк Тајсон и серијата удари резултираше со прекин

-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Христијан Тодоровски (А. Огненовски) 2-0 (ТКО, Р2)

Гафури подобро ја водеше борбата во првата рунда. Во втората силовито нападна и за една минута Тодоровски беше соборен и судијата мораше да му брои. Борбата беше предадена од страна на тренерот.

-64 кг Сухејб Имери (Шкупи) – Ќура Мугни (Чаир)  2-1

За нијанса Имери беше поконкретен, но целата прва рунда помина во „борење“. Во втората имаа размена на удари на почетокот во црвениот агол. До крајот и двајцата имаа обиди да направат посериозни акции, но без завршница. Ќура имаше успешна серија од три удари на почетокот на последната рунда, потоа Имери напаѓаше, а Мугни успешно ги избегнуваше ударите.

-69 кг Елмедин Истреф (Чаир) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 2-0 (ТКО, Р1)

Истреф жестоко нападна и за 1 мунита го принуди Ристе да се предаде.

-75 кг Марко Мицевски (Пинк Пантер) – Октај Фератов (Борец) 0-2 (ТКО, Р2)

Мицевски и Фератов дебитираа на македонскиот ринг, бидејќи едниот боксирал во Италија а другиот во Греманија 9кик бокс). Фератов кој тренирал кик бокс во Грема нија изенади со цвртсината и агресивната борба на задоволство на домашната публика. Октај ја имаше иницијативата и во втората рунда и напаѓаше со серија од два удари, но контраударите на Марко беа доста моќни. Поради повреда на носот лекарот ја прекина борбата. Сепак, и двајцата боксери прикажаа допадлив бокс.

-81 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Никола Бубевски (Пинк Пантер) 1-2

И двајцата боксери наметнаа агресивна борба сакајќи мечот да го решат во еден здив, но имаа падови во првата рунда за да ја завршат со уште една размена на удари која ја започна Бубевски а ја заврши Абаз. На Бубевски му броеја во првата минута од втората рунда. Потоа Даниел мудро се чуваше и на крајот ја распалија откако Никола нападна жестоко, а Абаз од одбрана помина во напад. Во третата решавачка рунда Бубевски тргна во напад, се чини дека гардот на Абаз беше довлно цврст.

Абаз негоприфати поразот и не сакаше да му честита на противникот.

Сениори

-56 кг Фердијан Јашаров (Пинк Пантер) – Алмир Нуришов (Чаир) 0-2 (ТКО, Р1)

Нуришов  за 50 секунди два пати го прати во нокдаун Јашаров, а тоа беше и крај на борбата, бидејќи тренерот на Пинк Пнатер ја предаде борбата.

-69 кг Љуљзим Исмалили (Чаир) – Даниел Вретовски (А. Огненовски) 2-0 (ТКО, Р2)

На карјот од првата рунда  му броеја на Вретовски, а на самиот крај прими два прецизни удари од Исмаили кој ја диктираше борбата и беше многу посвеж. На почетокот на втората рунда тренерот ја предаде борбата.

-75 кг Елвис Сулејман (Тернипе) – Алиф Насуфи (Чаир) 0-2 (ТКО, Р2)

Насуфи демонстрираше технички перфектен бокс. На почетокот на втората рунда Сулејман ја предае борбата.

-81 кг Бојан Ристески (А. Огненовски) – Ице Трајковски (Ас) 3-0

Борба од дистанца во првата рунда водеа со повремени искри со тоа што Ристески зададе доста силен удар на 35 секунди пред крајот. И втората рунда наликуваше на првата само што ударите на Ристески беа поконкретни. Последните 30 секунди беа најинтерсни од третата рунда со неколку моќни удари на Рисетски.

+91 кг Осман Демиров (Баргала) – Синан Џеладин (Тернипе) 3-0

Демиров и Џеладин водеа битка со респект испитувајќи ги силите, а разменија по некој удар. И во втората рунда борбата се водеше од дистанца со тоа што Демиров имаше два чисти удари. Третата рунда ја разби монотонијата, затоа што и двајцата тргнаа во напад на почетокот. Демиров на крајот имаше две-три прецизни удари.

Резултати – Прва и Младинска бокс лига:

Кадети
-66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Риад Ајдини (Шкупи) 2-0 (ТКО, Р1)
+80 кг Серген Демиров (Баргала) – Стево Илиќ (Ас) 3-0

Јуниори
-56 кг Марко Стојановски (Универзалци) – Оран Шакировски (Пинк Пантер) 0-2 (ТКО, Р1)
-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Христијан Тодоровски (Алексо Огненовски) 2-0 (ТКО, Р2)
-64 кг Сухејб Имери (Шкупи) – Ќура Мугни (Чаир) 2-1
-69 кг Елмедин Истреф (Чаир) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 2-0 (ТКО, Р1)
-75 кг Марко Мицевски (Пинк Пантер) – Октај Фератов (Борец) 0-2 (ТКО, Р2)
-81 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Никола Бубевски (Пинк Пантер) 1-2

Сениори
-56 кг Фердијан Јашаров (Пинк Пантер) – Алмир Нуришов (Чаир) 0-2 (ТКО, Р1)
-69 кг Љуљзим Исмалили (Чаир) – Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) 2-0 (ТКО, Р2)
-75 кг Елвис Сулејман (Тернипе) – Алим Насуфи (Чаир) 0-2 (ТКО, Р2) 
-81 кг Бојан Ристески (А. Огнeнoвски) – Ице Трајковски (Ас) 3-0
+91 кг Осман Демиров (Баргала) – Синан Џеладин (Тернипе) 3-0

Воведни борби

Кадети
-57 кг Ѓоше Ѓошов (Пинк Пантер) – Елес Асанов (Баргала) 1-2
63 кг Алпај Демиров (Баргала) – Трајче Илиоски (Ас) 3-0
-70 кг Бојан Стојановски (Ас) – Ејдин Јашар (Баргала) 0-3

Сениори
-91 кг Димитар Јовановски (Алексо Огненовски) – Бењамин Речи (Синди)  2-1

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone