По 5-6 деца сместувани во соба во Истанбул, а плаќале по 41 евро; Мурати – Турците ги изиграле агенциите
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

На Балканското првенство за деца изминатиот викенд во Истанбул, Турција, македонската репрезентација освои 15 медали – 3 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, на што треба да бидеме горди. Но до нашата редакција стигнаа многу реакции, како и на нашата страница, во врска со сместувањето на децата. Наместо да се сместуваат по две до три деца во соба, како што било ветено со понудта пред тргнување, а за што е платено по 41 евро од ден, тие биле по 5-6 деца во соба.

„Да убаво за постигнатото АМА многу скапо бе мајката, па и крваво платено!
Шо се крие за 5-6 деца во соба а 40+ евра по дете за спиење. 

Шаренило на горната слика. Па ем ги наплаќат тренерките, шо не се понудија на новите репрезентативци.

Децата без лекар. Абе кој ќе каже за повреденото дете, за некое со висока температура). Ќути, арно Црногорската докторка се нашла…
Добро бе ИПОН.МК…чуде ме да не си у тек со работите. Да прочешлаш овоа во интерес на Вистината. Омрзна ми веќе од овакви ситуации“, се вели во еден од коменатарите по повод успехот во Истанбул.

Од друга страна, известувањето е пратено во понеделник во 14 часот за во вторник средствата да бидат платени, а во среда се тргна на пат.

Но тоа не било се, првиот ден натпреварувачите во салата стиганале во 9 часот, на самиот почеток на натпреварот без претходно да имаат време да се загреаат со образложение дека на шоферот му ја украле нафтата.

„Ги сместиле во соби кои се тро или двокреветни со внесување на помошни лежаи и ставиле по две деца да спијат заедно. Дури во некои соби спиеле и машки и женски заедно, а децата имаат 13 години. Плативме цени за двокреветни соби, како што е дадено во билтенот од 41 евро, а тие ги сместиле по 6 деца заедно. Дали смееат да ставаат две деца заедно да спијат од здравствени причини?“, се вели во дописот на еден родител.

На едно дете му пукнала аркадата отккао било турнато покрај базенот, а друго дете качува температура 40 степени, па за среќа се нашла лекарката од Црна Гора која го туширала и му помогнала на детето.

Но, не се сите забелешки околу сместувањето, туку и околу односот на тренерите кои си играле на мобилен додека се бореле другите деца кои не се од нивниот клуб или зјапале на друготоо татами. Нашите судии како да ги помагале турските во мечот со нашите. А ова е уште подегутантно, наш натпреварувач го прогласуваат за победник бидејќи Црногорецот не се појавува на татамито, за после неколку меча да се појави и да го вратат мечот, затоа што Црногорецот се бунел!

„Сите карате клубови и тренери кои имаат пријавено натпреварувачи за Балканското првенство во Турција, ве информираме дека плаќањето задолжително да се изврши најкасно до утре 16.05.2017 до 20 часот на име Туристичка агенција Атлантис во една од наведените жиро сметки…“, се вели во дописот од Карате федерацијата на Македонија до клубовите кои имаат учесници на Балканското првенство.

За овие случувања се обартивме кај шефот на делегацијата на нашата репрезентација, Бесник Мурати, за да ни објасни како дошло до ваквата ситуација по 5-6 деца да бидат сместени во соба, а при тоа да им се наплаќа по 41 евро за сместување. Како во некои соби спиеле и машки и женски деца на возраст од 12-13 години. Дека на 75 деца немало лекар. Со забелешка дека ова не прв пат на вакво случување.

„Сите балкански репрезентаци го имаа истиот проблем со сместувањето, не само ние. Турците не се придржуваа на договорите со туристичките агенции, според билтенот. Па, затоа ние на лице место, заедно со делегатот Горан Милковски, со одговорно лице од Турската карате федерација (ТКФ), а во контакт со Агенцијата, договориме друга цена. И, на сите кои не беа сметени по договорот ќе им биде вратена одредена сума на средства од страна на ТА Атлантис. Хотелот беше со 5 ѕвезди, храната беше одлична, децата го користеја и базенот. Други проблеми немаше“, вели Мурати.

За овој случај се обративме и до Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимски комитет како тела кои се задолежени за развојот и афирамацијата, но и за финансирањето на македонскиот спорт.

Од друга страна, веќе некои клубови испратиле писма до КФМ во врска со овој случај.

Ќе потсетиме дека ова не е прв случај, бидејќи во 2015 година во Херцег Нови, Црна Гора, првично децата требаше да бидат сместени во подруми, па откако реагираа родителите и дел од тренерите не дојде до потежок инцидент. Минатата година во Белград имаше проблем околу понудените цени, за што се побунија Хрватите и добија слободно сметсување.

Никој не треба да си игра со децата и со нивните родители кои го финансираа патувањето на своите деца.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone