Почнаа подготовките на репрезентацијата за СП во Лас Вегас!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

reprezentacija vo lirija za sp

Сениорската репрезентација вчера ги почна подготовките за Светското првенство во Лас Вегас, САД, во салата на Лирија, „Ментаз Алајбегу“ во Скопје. На располагање на тренерот Лулзим Вренези се ставија: Дејан Митров, Дејан Богданов, Бобан Данов, Јасин Реџелари, Бетмир Вејсели, Елмедин Сејфулаху,Ријад Реџети и Халил Османи.

На СП во почетокот на септември ќе се обезбдуваат и олимписки норми за ЛОИ во Рио 2016.
Во Скопје дојдоа сите повикани борачи, меѓу нив и тројца млади. Единствено недостасуваат натурализираните Македонци, Халил Зубаиров и Хамикоев. Ги очекуваме вечерва или утре сабајле, бидејќи треба да се јават на интервју во амбасадата на САД, за визи. Покрај нашите борачи има и спаринг борачи, тоа се браќата Егзон и Едан Шаља од Албанија, а можно е како спаринг партнер на Митров да дојде и уште еден албански борач, третопласираниот од последното СП и втор на ЕП, Призрени“,- изјави Вренези.

Според него, подотовките се одвиваат одлично, со два тренинга дневно, посочувајќи дека вториот дел од подготовките дека со сигурност ќе се изведат во во Бугарија, во полн состав со Халил Зубаиров. Тој вели дека се уште постои можноста во САД да се отпатува 10 дена порано, со што ќе се заокружи процесот на подготовки.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone