Погледнете ги најдобрите моменти од борбата која сите ги подигна на нозе (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Помалку во сенка на спектакуларниот главен настан на УФЦ 218, се одржа борбата која најверојатно ќе биде една од двата главни кандидати за најдобра ММА борба на годината. Борбата на Алекс Оливеира и Јанси Медеирос ги натера челниците на УФЦ да доделат четири бонуси за најдобрата борба на вечерта.

Беше тоа двобој при што Џо Роган, веќе по првата рунда, рече дека имавме прилика да гледаме една од најдобрите рунди во историјата на УФЦ. Тоа не треба да не чуди, бидејќи во рок од пет минути се случија неколку пресврти, дури и три нокдауни и неверојатна количина на акции. И тоа не беше сè. Втората рунда продолжи во исто темпо, за во третата да дојде до прекин кога двајцата борци беа на работ на силите и само се чекаше кој прв ќе падне. Медеирос и тука се извлече од тешката ситуација, а малку подоцна слевеше со нокаут. Тоа беше борба која буквално сите во салата ги дигна на нозе, а веројатно и оние кои ја гледаа борбата пред ТВ-екраните.

Екипата на Фокс спорт подготви видео со најдобри моменти од мечот во комбинација со твитови на познати луѓе од ММА, кои не останаа рамнодушни на борбата, туку мораа веднаш да реагираат и да го искажат своето одушевување. Борбата на Џастин Гаетје и Мајкл Џонсон веќе не е сигурен лауерат за наградата за најдобрата борба на годината, ова дуел можеби го презема тоа. Во секој случај, ќе биде интересно да се следи доделувањето на светските ММА награди и да видиме кој од овие два бисера повеќе ја воодушеви ММА јавноста.

UFC 218:

Max Holloway def. Jose Aldo (TKO, R3)
Francis Ngannou def. Alistair (KO, R1)
Henry Cejudo def. Sergio Pettis (ednoglasna odluka na sudiite; 30-27, 30-27, 30-27)
Eddie Alvarez def. Justin Gaethje (KO, R3)
Tecia Torres def. Michelle Waterson (ednoglasna odluka na sudiite;30-27, 29-28, 29-28)
Paul Felder def. Charles Oliveira (KO, R2)
Yancy Medeiros def. Alex Oliveira (TKO, R3)
David Teymur def. Drakkar Klose (ednoglasna odluka na sudiite;30-27, 30-27, 29-28)
Felice Herrig def. Cortney Casey (podelena odluka na sudiite; 29-28, 28-29, 29-28)
Amanda Cooper def. Angela Magana (TKO, R2)
Abdul Razak Alhassan def. Sabah Homasi (TKO, R1)
Dominick Reyes def. Jeremy Kimball (submission, rear-naked choke, R1)
Justin Willis def. Allen Crowder (KO, R1)

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone