Погледнете вистински бисер од историјата,борбата на Риксон Грејси и Чак Норис (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Еднаш, во сега поодамнешната историја, Чак Норис бил во Рио де Жанеиро и одлучил да ја посети салата на семејството Грејси и да се испроба во граплинг со нив …

Така почнува оваа приказна, само една од содржајниот живот на вистинската боречка и актерска легенда, кој со години ги забавуваше сите љубители на акциските филмови, а последните десет години да стане ѕвезда на вицовите кои имаат само една порака, дека не постои нешто што Чак Норис не го може. Денес, 77-годишниот Чак раскажа што се случило пред повеќе од 30 години, кога решил да се сретне со семејството на Граси.

„Ги пронајдов во Рио де Жанеиро и отидов во нивната сала. Таму се запознав со г-динот Грејси, татко и главата на семејството, Риксон Грејси, кој во тоа време беше светски шампион и Ројс Грејси. Го прашав дали може да тренирам со нив и веднаш се согласија. Бев црн појас во џудо, па мислев дека имам добри граплинг вештини. Бев на подот со Риксон и се чувствував како во животот да не сум добил лекција, си поигруваше со мене. Потоа одработвив нешто со Ројс, на крајот г-динот Грејси побара да одработам со него.

Г-дин Грејси беше многу низок и брзо дојдов во горна позиција. Потоа ми рече да го удрам, му реков дека не сакам, но тој инсистираше. Потоа замавна и тоа е последното нешто на што се сеќавам. Следната сцена ми беше будењето, а бев толку силно загушен што не можев да голтам. Ми се извини и ми рече дека не сакал толку силно да ме задуши. Потоа ми кажа дека сака да останам со нив и дека би можел да ме направи одлична џиу-џица личност. Но, во тоа време почнав да снимам филм и не можев. Кога дојдов во Лос Анџелес почнав да работам со Рорион Грејси, а потоа отидов кај браќата Мачадо, каде што сум веќе 28 години“.

Чак веќе со години е црн појас во БЏЏ трет степен, а освен тоа поседува црн појас во карате, во кој е повеќекратен светски шампион и во џудо, чун кук ду (кој го основа и востановува), Танг со до и таеквондо.

Како доказ за оваа посета на Норис во Бразил, постои видео каде можеме да го видиме неговиот дуел со Риксон Грејси.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone