Пинк Пантер се збогува со пораз од Металац во Регионалната бокс лига (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Во последното коло од Регионалната бокс лига Пинк Пантер загуби со 0-16 против Металац од Ваљево.

Од осум борби се одржаа пет. Штипските боксери само во најлесните категории пружија отпор, во другите, штипјани или немаа боксери, или се предаваа. Александар Ристевски и Денис Муаремовски задоволија со прикажаните борби.


Тренерот на Металац, Зарија Андриќ, го истакна гостопимството на штипјани, ги пофали домашните боксери во категориите до 6о и 64 килограми. Исто така, додаде дека македонските судии суделе без грешки и оти такви судии коректни досега не виделе во Регионалната лига.
Организацијата беше и овој пат беспрекорна, домаќинот „Ваго“ ги заслужува сите аплаузи, докажа дека бокс ако се сака може да се организира и во шатор, но прилагоден за спортски настани. Се беше убаво, ама изостанаа само резултатите!

Ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone