Петар Спасеновски ги преслуша Антиќ и Јакупи за државната титула (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

2016-02-13 13.13.11

Петар Спасеновски (-84 кг) од Металург е најголемото изненадување  на Државното карате првенство за сениори.

Спасеновски денеска и одржа вистинска лекција на посискусните од него. Во финалето го совлада Брерат Јакупи од Асиарт со 4-1. Најпрво поведе со 1-0, па 2-0, а Берат намали на 2-1, клучниот поен го прави со чако зауки во глава и со 4-1 поведе на контра.

Спасеновски беше подобар и од Симон Антиќ од Макпетрол и славеше со 7-0.

Третите места ги освоија Сашко Патраклиев од Македонка и Огнен Груевски од Металург.

martin pobednik2016-02-13 13.36.44

Во најтешката категорија над 84 кг, Мартин Несторосвки триумфираше против Жарко Арсовски со поен на 4 секунди пред крајот.

 Во полуфиналната борба Жарко Арсовски го доби повредениот Дејан Павлов на изјаснување по 0-0, резултатот можеше и поинаков да биде.

Deni zarko 2016-02-13 13.00.39

Третопласирани се Мики Стојменовиќ од Макпетрол и Семир Ќосовиќ од Металург.

Makpetrol zeni 2016-02-13 13.34.52

Екипен победник во женска конкуренција е Макпетрол, а неговите натпераврувачи славеа и во поединечните категории: Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone