Пакијао по победата над Бредли: Ако ми здосади одморот, ќе се вратам во рингот (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Pakijao pred mikrofon

Легендата на боксот, Мани Пакијао, се повлече од спортот по последната победа од трилогијата против Тимоти Бредли овој викенд.

Пакијао дефинитивно не планира борби во иднина, но тврди дека сето тоа зависи од тоа како ќе се чувствува без да тренира за подоцнежните средби. По средбата Пакијао истакна:

„Ова е мојата одлука. Ако ме прашувате дали ќе се вратам, не знам. Само затоа што не знам какво е чувството по подолог одмор. Немам идеја, можеби. Можеби ќе ми се допадне одморот, може пак и да ми недостасуваат натпреварите“.

Во моментов, парите дефинитивно не се проблем за Пакијао, особено по највисоко платената средба во спортот – онаа против Флојф Мејведер Јуниор, но само времето ќе покаже какви изненадувања му претстојат.

https://youtu.be/AeCfAhQ1994

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone