Пакијао: По боксот, целосно се посветувам на политиката
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

manny-pacquiao-suit

Филипинскиот професионален боксер, Мани Пакијао, потврди дека неговиот меч на 9 април со Американецот Тимоти Бредли во Лас Вегас ќе биде последен во неговата кариера и дека потоа ќе се концентрира на политиката.

„Јас се повлекувам од боксот за да се посветам на политиката. Мој меч против Тимоти Бредли ќе биде мојата последна борба“, рече Пакијао пред новинарите во својот дом во Хенерал Сантос.

Пакиао, кој има 37 години е член на Парламентот на Филипините од 2010 година, објави дека ќе се кандидира на изборите за Собранието во мај оваа година.

Осумкратниот светски шампион во различни категории на различни федерации, Мани Пакијао, има 57 победи, од кои 38 со нокаут, 6 порази и 2 нерешени средби за 20 години во професионалниот ринг.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone