Откриен споменикот на Мате Парлов (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Најдобриот хрватски спортист на 20 век, но и југословенски, Мате Парлов, доби споменик во Фажана.

Меѓу другите денеска при откривањето на споменикот беа и синот Матко и ќерката Мира, како и членовите на поширокото семејство.

Се наоѓа во паркот во Фажана, меѓу шеталиштето „Мате Парлов“ и алеата „Маслина“, недалеку од семејниот дом на Парлов. Споменикот е од бронза во природна големина и е работа на академскиот скулптор Анте Јуркиќ.

Споменикот е откриен точно 40 години откако Мате Парлов стана светски шампион на ВБЦ во полутешка категорија. Парлов појасот го освои нокаутирајќи го во Милано во 9-тата рунда Аргентинецот Мигел Ангел Куело.

Во Минхен во 1972 година го освои златниот медал во полутешка категорија. Во 1974 година во Хавана стана светски аматерски шампион, а европски титули освојуваше во 1971 година во Мадрид и во 1973 година во Белград.

Мате Парлов е роден на 16 ноември 1948 година во Сплит, а почина на 29 јули 2008 година во Пула.

„Се надевам дека и тој сето ова го гледа, мислам дека е задоволен. Татко ми тука живееше од 1971 година, откако е изградена куќата. Ние како семејство сме многу среќни и горди што Фажана го направи она што веќе долго време го договаравме“, вели Матко Парлов, синот на Мате.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone