ОИ: Трикратниот светски првак Махов, идниот УФЦ борец, испадна во првото коло
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Biljal mahov

Трикратниот светски првак и бронзен на Олимписките игри во Лондон, Билјал Махов, е елиминиран во првото коло во категоријата до 125 килограми во слободен стил.

Идниот борец на УФЦ е поразен во квалификациите од Украинецот Ален Засиејев. Резултатот беше 2-2, а Засиејев изедначи со уривање откако губеше со 2-0, 20 секунди пред крајот и избори преод.

На првиот ден од натпреварите во слободен стил испаднаа пет светски шампиони.

Светскиот првак и победник од Лондон, Џордан Бароуз, испадна во категоријата 74 килограми во четврт-финалето со 3-2 од Аниур Гедуев. На крајот Русинот го освои сребрениот медал, загуби во финалето од Иранецот Хасан Ализам Јазданичарати.

Американецот Бароуз имаше прилика преку репасажот да стигне до бронзениот медал, но загуби со 11-1 на Узбекистанецот Бекзода Абдурахмонов.

Vladimer KHINCHEGASHVILIdfRei HIGUCHi-gabormartin

Владимир Кинчегашвили (Грузија) победи со 4-3 во финалето на категоријата до 57 кг и се закити со златен медал на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Кинчегашвили, пред четири години во Лондон го освои сребрениот медал, во четвртфиналето го совлада светскиот првак до 61 кг, Хаџи Алиев (Азербејџан) со 5-3, а во финалето се сретна со Реј Хигучи (Јапонија), совладувајќи го 4-3.

Хигучи го совлада светскиот првак од 2014 година, Кионг Ил јанг од Кореа, а потоа и светскиот шампион од 2013 година, Хасан Рахими од Иран. Претходно во четвртфиналето рахими со 6-1 го елиминира двократниот свестки првак Виктор Лебедев од Русија.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone