Нусрет Џафери – претседател на Тефејуз: Малку ветувања многу работа!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Неодамна дојде до промена во раководството на Боречкиот клуб Тефејуз, па на позицијата претседател на Управниот одбор е избран Нусрет Џафери.

За разлика од порано, кога првите луѓе на клубот беа од надвор со високи позиции во бизнисот и општественото живеење, Џафери доаѓа од редовите на Тефејуз.

„Ние мислиме дека ќе биде подобро бидејќи сме луѓе од спортот и сме научени да работиме и кога имаме пари и кога немаме, само сакаме на децата/борачите да и биде подобро. Да имаат подобри услови и тренинзи, за да постигнуваат подобри резултати. Ние сето ова го имаме поминато. А, како што може да забележиме, во сите клубови претседатели се поранешни борачи“, вели претседателот на Тефејуз, Нусрет Реџепи.

Претходното раководство имаше големи ветувања, а од тоа многу малку се реализра. Истото прашање се постваува и од оваа управа, која претежно е составена од членови на клубот, односно што може да ветат и да остварат.

„Малку ветувања а многу работа, тоа е нашето мото. Само сакаме да и помогенеме на борачите. Како прво, во сабота ги носиме на мини подготовки на Китка, додека на 6 февруари заминуваме на меѓународен турнир во Турција. Планираме да обезбедиме нова опрема. Сакаме да ги вртаиме старите борачи за да ни помогнат во подоготвката на сегашните надежи, но и финансиски“, истакнува Џафери.

Претходниот претседател и раководството ветија изградба на сала за борење, но тоа не се случи.

„Тоа уште ни е во план. Ако успееме да го решиме тоа прашање, ќе бидеме презадоволни“, посочува првиот човек на Тефејуз, осврнувајќи се на аспирациите на клубот во оваа година, ако се има во предвид дека минатата година беа зад Лирија и Блаканец: „И годинава ќе гледаме да бидеме во врвот и да се бориме за титулата. Лани ќе бевме повисоко пласирани ако не отсуствуваме од некои изборни првенства“.

Џафери отворено се залага за лига натпревари, затоа што смета дека така ќе има поголемо раздвижување, укажувајќи дека кај нас нема многу сениори, а за доброто на македонското борење, предлага лигата да биде во кадетска и јуниорска конкуренција.

За целите на раковдоството и на клубот истакнува:

„Целта е едноствна – да имаме подобри услови и резултати на држваните и изборните првенства. Од друга страна, правиме програма на колку турнири ќе земеме учетсво, без оние што ќе се спроведат во рамките на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), и да направиме добри базични подготовки налето. Покрај ова, планираме подготовки со јаки клубови од Турција или од Бугарија, но, пред се, ценам дека е многу важно да имаме сорботка со клубовите од Скопје и другите градови и да правиме контролни средби“, нагласува Џафери.

Тој истакнува дека клубот ќе се потпре на стручните кадри кои сега ги има на располагање, а очекува помош и од поранешните борачи од кои некои веќе се ставиле на располагање.

Тефејуз е клуб кој има добар боречки потенцијал, затоа од огромна важност ќе биде и заложбата на раководството за подигнување на нивната форма со овозможување на подобри услови за работа.

„Имаме намера двајцата репрезентативци да ги носиме во некој добар клуб и таму да тренираат извесно време. Предвидуваме и награди од клубот за освоени медали на Државните и Изборните првенства на Македонија, а, ако донесат медал од надвор, наградата ќе се дуплира“, посочува Нусрет.

Секако, во сите муабети за борењето едно прашање е неизбежно – како до подобри резултати, како порано.

„Треба соработка меѓу клубовите. Најважана е помошта од државата преку Агенцијата за млади и спорт, потоа и од општините. Требаат добри подоготовки, и да бидат почести. Мора да имаме спортски центар на борењето, како порано што беше Сарај. Едно е да се тренира со исти борачи, а друго е тоа да се прави со натпреварувачи од цела Македонија“, предлага Џафери.

Тој се заблагодарува на Собранието на Тефејуз кое едногласно го избрало за претседател и вели дека со неговото залгање и работа ќе се обиде да ја оправда довребата. Изразува благодарност до тренерот Назми Али кој е од првиот ден во клубот и на поранешниот борач и голем помагач на клубот Билгим Џеладин кој работи во Германија.Потоа на олимспикиот шампион Шабан Трстена, кој секогаш се става на располагање на тренерите и на борачите и и дава добри совети.

„Се гордеме со него кога одиме на меѓународни турнири, имаме посебно почитување“, потенцира претседателот на Тефејуз.

Инаку боречката кариера на Нусрет Џафери е поврзана исклучиво со Тефејуз. Од 1993 до 2002 година се бори за клубот, а потоа е дел од тренеркиот кадар и раководството, а пред да го изберат за претседател е директор на Тефејуз.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone