Ненад Ќелебиќ извојува две победи во Лајпциг, потоа минимално поразен
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Вчера нашите каратисти во силната конкуренција на Премиер лигата во Лајпциг, Германија, немаше многу можности за радост, но во доцните вечетни часови Ненад Ќелебиќ во најброната категорија на турнирот со 164 учесници оствари две победи, а во третата изгуби минимално со 1-0.

Самиот Ќелебиќ на неговиот Фејсбук профил прокоментира дека ова е добар старт на сезоната.

Инаку Димитар Илиевски (67 кг) борба ја доби, а втората ја загуби при нерешен резултат 3-3. Најверојатно противникот прв освоил поен во борбата, па затоа му припаднала победата на него.

Резултати:

60 кг
Емил Павлов – Штип – Елефтериос Даварис (Грција) 2-0
Емил Павлов – Хван Ли Жи (Кореа) 0-1

67 кг
Димитар Илиевски – Ботони – Кристијав Вевер (Гватемала) 5-0
Димитар Илиевски – Томас Касерер (Австрија) 3-3 – победа на Австриецот

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Карлос Валбуена (Шпанија) 9-1
Ненад Ќелебиќ – Веи-Чиен Тенг (Тајпеј) 2-0
Ненад Ќелебиќ – Тау-Бек Тебуев (Русија) 0-1

Давид Петков – Металург – Брајан Ремруп (САД) 0-1 

Кати
Пуликсенија Јованоска – Ронин – Патриција Еспартеиро (Португалија) 2-3

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone