Нгану: Најголемата победа вомојата кариера допрва доаѓа. Сакам да бидам првиот шампион од Африка
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Френсис Нгану не доби бонус за нокаутот против Алистер Оверем, но УФЦ вети дека ќе се погрижи за него.

Француско-камерунскиот тешкаш се пресели во Лас Вегас и тренира во Перформанс институтот на УФЦ.

„Верувајте ми, Френсис живее во Институтот за изведба и не мора да ми чука на ебената вратата за бонус. Ќе се погрижиме за него“, рече претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

31-годишниот Предатор сака борба со шампионот Стипе Миочиќ и тоа што е можно побрзо.

„Сакам боба со Миочиќ што побрзо. Без пореди сум и сум подготвен. Пред УФЦ 218 долго време бев изоставуиван,, околу 10 месеци и сега повторно сакам да се борам“.

„Имам илјада работи за да ги остварам во ММА. Планирам да се направам добра тренинг-камп, бидејќи Стипе е шампион. Тој е добар човек. Добро му оди и морам добро да се подготвам“.

„Најверојатно ќе скокнам до Париз и ќе одработам дел од подготовките таму. Ќе отидам и во Камерун за да го посетам семејството и да продолжам да и помагам“.

Се надева дека Дана Вајт ќе си го испополни зборот за бонусот.

„Ми требаат тие пари. Се преселив од Париз во Вегас и за тоа требаа многу пари. Ми требаат парите сега. Ме немаше 10 месеци. А, да биделе искрени, секој од вас исто така ги сака парите“.

31-годишниот Нгану само пред пет години почна да тренира ММА, а веќе ја заслужи борбата за титулта во најмоќната светска промоција на ММА.

„Борбата меѓу мене и Стипе ќе заврши како и сите други – со нокаут“.

„Сакам да бидам првиот Африканец со појасот на УФЦ. Сакам да бидам ток кој ќе ја отвори вратата на УФЦ во Африка, особено во Камерун. Посакувам Камерун да биде првата африканска земја која ќе го угости УФЦ. Тоа ќе биде добро и на мене ќе ми биде чест“.

Иако го победи легендарниот борец на Алистер Оверем кој постигна врвни резултати и во ММА и во кик бокс вели дека најдоброто допрва доаѓа.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone