На Светскиот куп во Умаг се обезбедуваат визи за Олимписките игри за млади во Аргентина
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Светскиот ВКФ камп и Светскиот куп во Умаг, Хрватска, бележи рекорд во посетеноста со над 2.400 учесници од 69 земји.

Од друга страна, релевантноста на настанот е уште поголема, бидејќи натпреварувањето во јуниорските категории е од квалификациски карактер за Олимписките игри за млади во Буенос Аирес, Аргентина, во 2018 година. Најдобрите каратисти по категории во борби ќе обезбедат виза за младинските Олимписки игри следната година.

Младинскиот куп на ВКФ се одржува од петок до недела, бидејќи претстојните ѕвезди ќе се закитат со медалини во 87 категории. Купот во Умаг ќе биде одлична можност да се види во акција вистинската иднина на карате спортот, бидејќи младите каратеки од 10 до 20 години ќе ги покажат своите способности во хрватскиот град.

Инструктори на кампот се Дејвид Бенетело, Лука Валдези, Предраг Стојадинов, Жуниор Лефевер, а и актуелните шампиони Даглас Бросе, Антонио Дијаз и Станислав Хоруна ќе се претстават пред младите каратисти.

И повеќе наши каратисти ќе бркаат норма за младинските Олимписки игри во Аргентина 2018 година.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone