На „Македонскиот бисер“ ќе настапат Русија, Јапонија, Бугарија и други 7 репрезентации
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone
Најдобрите на Македонскиот бисер: Ѓорги Златев, Халил Зубаиров и Иван Јанев.

Најдобрите на Македонскиот бисер: Ѓорги Златев, Халил Зубаиров и Иван Јанев.

Од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) истакнуваат дека јубилејниот 40. Меѓународен турнир во борење на „Македонскиот бисер“ кој ќе се одржи на 4 јуни во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” ќе има борачи од Јапонија, Белорусија, Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција, Англија, Унгарија, Русија и Македонија.

Еден ден порано ќе се одржи и свечена академија по повод 55-годишнината од борењето во Македонија на која ќе биде промовирана монографија, а ќе се отвори и изложба од фотографии.

На минатогодишниот „Македонски бисер“ во Радовиш трофјот му припадна Халил Зубаиров од БК Вардар, кој на младинското ЕП до 23 години го освои бронзениот медал.

Ipon.mk/В. Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone