МОК го запира финансирањето на АИБА
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

МОК ги запира исплатите спрема АИБА до разрешување на проблемите во Светската боксерска централа.

АИБА со месеци се потресува од внатрешни поделби за начинот на управување и финансирање, а претседателот Чин Куо Кај првично беше суспендиран од функцијата, а потоа во ноември поднесе оставка по жесток конфликт со членовите на Извршниот комитет на организацијата.

Кој е и член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и привремено е заменет од Франко Фалчинели, а АИБА ќе избере нов претседател на вонреден конгрес на 27 јануари во Дубаи.

„МОК сериозно е загрижен за ситуацијата во АИБА. Постојат проблеми со управувањето, недостасува транспарентност во финансирањето, изникнуваат прашања за судењето и антидопинг контролата. Затоа бараме целосен извештај од АИБА до крајот на јануари“, истакнува претседателот на ИОК, Томас Бах.

„Сакаме да видиме какви мерки ќе бидат преземени за сите овие прашања. Додека работите не се сменат во позитивна насока, МОК нема да врши исплати спрема АИБА“, додаде тој.

МОК не е прв пат да го сопира финансирањето на АИБА. Боксерската централа беше лишена од над еден милион долари од телевизиските права по Олимпијадата во Атина во 2004 година поради судиски скандал на Игрите во грчката престолнина.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone