Младите каратисти патуваат на Европското во Русија, лани освоивме бронза…
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

Вечерва македонската карате репрезентација патува Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година од 2 до 4 февруари во Сочи, Русија. На ЕП ќе настапат 988 натпреварувачи од 44 држави, а Македонија со 21 каратист.

Минатата година на ЕП во Софија нашата репрезентација освои бронзен медал во категоријата до 75 килограми во У-21. Со овој медал Петар Заборски ја спаси честа на македонското карате и ја продолжи традицијата на освојување на медали од овие шампионати, иако очекувањата беа поголеми. Мора да нагласиме дека Петар Спасеновски и Вероника Костовска без драстично оштетени од судиите.

Заборски нема да го брани медалот, бидејќи на критериумските првенства и турнири Доан Османи имаше подобар учинок.

Во овој избор на репрезентативци имаме неколку медалисти од европскити првенства за кадети, јуниори и У-21. Сепак, мора да нагласиме дека конкуренцијата е се поголема поради тоа што каратето стана олимписки спорт, а, од друга страна, во нашата екипа фали заедничкиот дух, што минатата година најдобро се забележа на ЕП во Софија, но и на некои балкански шампионати.

Македонија ќе ја претставуваат,  кати: Владанка Аврамова и Александар Неделковски во кадети, Ферри Исиќ – У-21.

Кадети: Марија Милева (-54 кг), Магдалена Божиновска (+54 кг), Марио Свинарски (-57 кг), Христијан Стојановски (-63 кг) и Боба Џамѓозов (+70 кг).

Јуниори: Симона Симовска (+59), Столе Смилковски (-55 кг), Фаик Весели (-61 кг), Филип Несторовски (-76 кг) и Кренар Џафери (+76).

У-21: Драгана Манговска (-50 кг),)Моника Пендаровска (-55 кг), Вероника Костовска (-61 кг), Ангела Мојсовска (-68 кг), Ардит Марку (-60 кг), Константин Василевски (-67 кг), Доан Османи (-75 кг) и Петар Спасеновски (-84 кг).

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone