Младеновски: БФМ со еден клуб ќе учествува во регионалната боксерска лига!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

ilija-mladenovski-dava-intervju

Вчера објавивме дека претставниците на четирите национални сојузи/федерцаии се состанале минатата сабота во Лозница со цел конечно да се покрене боксерско натпреварување на територијата на поранешна Југославија.
Последната иницијатива беше лансирана од страна на клубови од Србија, а идејата беше многу добро прифатен од страна на сите учесници на средбата.

Лига треба да има максимум осум, а најмалку шест клубови.

ilija-mladenovski-sedi

Претставник на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на сотанокот во Лозница беше Илија Младеновски.

„Како Федерација, потврдивме дека ќе учестуваме со еден клуб во новата лига. Затоа се нафативме да бидеме домаѓини на следниот состанок во Скопје, за време традиционалниот турнир „Златен гонг“, рече за IPON.mk Илија Младеновски.

Младеновски ја промовирал и програмата на БФМ за 2017 година, како и тоа дека ќе имаме боксерска лига.

„Истакнав дека за првпат државата вистински ќе застане позади боксот, како национален спорт и ќе ни даде голем буџет за да го издигнеме боксот високо на листите на успехот. Објаснив дека ова се должи на проектот за работа на новата управа и новиот претседател на БФМ“, истакна Младеновски, додавјќи дека БФМ за првпат има респект на високо ниво од соседните и федерациите во регионот.

ilija-mladenovski-sedi-2

Тимовите кои го потврдиле своето учество во регионалната лига се: Лозница, Војводина Микромаркет, Пула, Борово, Радник, Славија и еден тим од Македонија, но конечната листа не е завршена, бидејќи се уште има заинтересирани клубови.

Присутните на состанокот одредиле лица кои ќе бидат задолжени за подготовка на Пропозициите и другите акти и следната средба на 10 и 11 ноември во Скопје. Договорот е всушност тогаш се дефинираат сите работи во врска со ова натпреварување и да го утврдат предлог- календарот за следната година, да се одреди седиштето и директор на натпреварувањето, како и сите други детали.

Иако сите заинтересирани за учество се свесни дека лансирањето на ова натпреварување е исклучително сериозен и скап проект, исто така се цврсто решени лигата да успее.

Со ова натпреварување несомнено боксот ќе има подобар статус на овие простори, голем одек во медиумите и многу повеќе публика на средбите.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone