Миочиќ го нокуатира двојникот на Брус Вилис (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Стипе Миочиќ е прилично зафатен овие денови.

Освен што се подготовува за неговата втора одбрана на титулата и возвратниот меч на 13 мај за кој го чека Жуниор дош Сантос, Стипе работи и на снимањето на аквиониот филм „Акти на насилство“, чија главна ѕвезда е Брус Вилис.

Бидејќи иконата на акционите филмови веќе е в поодминати години, во одредени сцени морал да скокне каскадер кој се најде во улога на негов двојник.

„Никого не сум нокаутирал уште од Оверем, така, убаво се чувствував кога двојникот на Брус Вилис го испратив нагазот. Одлично се забавува за време на снимањето на филмот „Акти на насилство“. Не можам да го дочекам за неговото емитување“, напиша Миочиќ со интересна слика од снимањето.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone