Мејведер го нападна Фреди Роуч заради работата со Кото
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

mejveder i Pakijao so pojas

Флојд Мејведер го нападна американскиот тренер Фреди Роуч за неговата работа во аголот на Мигуел Кото (Порторико) за време на мечот со Соул Алварез (Мексико). Мексиканецот победи на поени.

„Кото немаше вистинскиот тренер. Тој не доби вистински совети. Каков меч гледаше Роуч? Штом губиш, не треба тренерот да ја чека 10-тата рунда за да ти го каже тоа. Слушам како луѓето велаат дека Роуч е легендарен тренер, но Кото се бореше така, истото што правеше и пред да отиде кај него. Истото важи и за Пакијао. Знам дека Фреди не е добар со здравјето и немам намера да го нападнам. Зборуваме само за фактите“, рече Мејведер.

Мејведер забележа дека и бодирање на натпреварот меѓу Кото и Алварез не е коректно. Судиите му дадоа убедлива победа на Мексиканецот.

„Мислам дека Алварез победи, но бодувањето беше смешно. Не сериозно е да има резултат 119: 109 во таков меч. Кото освои најмалку три или четири рунди“, истакна Мејведер.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone