Металург и Макпетрол ќе ја бранат честа на македонското карате во Кобург
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Plej off mazi 2015-09-19 12.50.46

Покрај картистите на Макпетрол на Карате 1 Премиер лигата во Кобург, Германија, ќе настапат и каратистите на Металург од Скопје.

Во Германија Металург ќе го претставуваат: Адил Мехмед (-67 кг), Иво Цветковски и Азис Исмаил (-75 кг), Виктор Крстевски (-84 кг), Семир Ќосовиќ (+84 кг).

И Жарко Арсовски (-84 кг) од Макпетрол ќе настапи во Кобург.

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, најави дека на овој турнир од Премиер лигата ќе настапат со подмладен состав: Симона Заборска (-55 кг), Наташа Стфановска (-61кг), Ана Марија Несторовска (-61кг), Томе Тодоровски (-67 кг), Симон Антиќ (-84 кг), Игор Таневски (-67 кг), Емануел Ристевски (+84 кг) и Петар Заборски (-75 кг).

Еден дел од каратистите се борат за место во репрезентацијата за јуниори и јуниори 21 за Светското првенство во Индонезија во ноември. Преку овој турнир и оној во Салзбург за место во националниот тим се борат: Мехмед, Исмаил, Крстевски, Игор Таневски и Петар Заборски, додека Жарко Арсовски се бори во најсилната македонска категорија да си го поврати местото во репрезентацијата, бидејќи претходната година настапуваше во категоријата над 84 килограми.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone