Менаџерот на Кличко: Се надевам дека Џошуа ќе го победи Молина и да го направиме мечот од сништата
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

klicko-i-bonte

Менаџерот на Владимир Кличко – Бернд Бонте, се надева дека светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа, нема да има проблеми во мечот со Ерик Молина и следната пролет бокс фановите ќе бидат сведоци на мегаспектакл меѓу Украинецот и Британецот.

„Се надевам дека Ентони ќе ја добие борбата против Молина и во март или април ќе може да го организираме овој судирот од сништата. Средба меѓу двајца олимписки шампиони, стариот и младиот лав. Секој љубител на бокс сака да ја види оваа борба“, изјави Бернд Бонте.

Како што е познато, Светската боксерска асоцијација (ВБА) одлучи на оваа средба да го заложи појасот „супершампион“ во супертешка категорија. Истото се однесува и за Меѓународната боксерска организација (ВБО).

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone