Мек Грегор отпадна од УФЦ 219 по скандалот на Белатор
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Се очекуваше на 30 декември Конор Мек Грегор да се сретне со носителот на привремената титула Тони Фергусон како дел од УФЦ 219.

Сепак, организаторите одлучија да не му дозволат на Мек Грегор да влезе во кафезот.

Причината е неговата расправија со судијата Марк Годард изминатиов викенд, кој прерасна во физички конфликт.

Мајк Маззули, претседател на Асоцијацијата на боксерските комисии, открива повеќе детали за случајот:

„Од УФЦ ме контактираа неколку часа по инцидентот, ми кажаа дека она што се случи сметаат оти е непримерно и дека ќе подготват нешто“.

„Ме уверуваа дека ќе го отстранат од борбата на 30 декември. Им честитам за ова, но сепак ќе разговарам со моите адвокати“.

Засега, не постои официјална изјава за УФЦ, но се очекува наскоро.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone