Мек Грегор мора да ја плати казната или нема да добие дозвола за настап во Њујорк
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Mek Gregor so kup pari

Сепак, Конор Мек Грегор ќе мора да ја плати казната од 150.000 долари што му ја изрече Спортската комисија на државата Невада, откако нивните колеги од Њујорк изразија солидарност и одлучија да му забранат на Ирецот да настапи се додека не го подмири тој долг.

Мек Грегор по изречената казна, поради инцидент за време на прес-конференција на УФЦ 202, изјави дека нема намера да плати и дека не му е потребен Лас Вегас за да се бори. Така се подготвуваше за својот иден настап, кој е на 12 ноември во Њујорк, но од „Големото јаболко“ дојде веста која сигурно нема да му се допадне.

„Спортската комисија во Њујорк е свесна за мерките изречени од Спортската комисија на Невада. Конор Мек Грегор се уште не осигурал лиценца за настап во Њујорк, а според нашите сознанија, не ја платил казната од Невада, ниту поднел жалба против истата. Рокот за него се уште не е истечен. Очекуваме борец да ги реши сите свои дисциплински проблеми доколку сака да обезбеди дозвола за борба во Њујорк. Се разбира, ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, е известувањето на Спортската комисија во Њујорк.

Ќе биде интересно да се види како Мек Грегор ќе одговори сега, но се уште постои многу лесен начин да се обезбеди дозвола, без да го плати она што го должи во Невада. Мора само да поднесе жалба на изречената казна, но тој до сега не го направи тоа.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone