Марјан Добревски го пробива реалното аикидо во Обединетите Арапски Емирати (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Marjan Dobrevski vo Emirati

Некогашниот ас на Карате клубот Вардар од Скопје, Марјан Добревски, кој од 2000 година почна да се занимава и со реален аикидо и за мајсторски појас полагал пред таткото на овој спорт, покојниот Љубомир Врачаревиќ, своето знаење го пренесува на неговите ученици во Обединетите Арапски Емирати.

Marjan Dobrevski vo Emirati 2

„Вежабам и реални аикидо и карате, иако не сум активен во нашата Федерација. Се обидувам да го пренесам реалното аикидо и во ОАЕ, но работите одат тешко, како за секој што е дојден од страна. Сепак, таков е печалбасркиот леб. Убеден сум дека ќе успеам“, вели Добревски и додава дека му помага неговиот син Никола, кој има кафеав појас по реално аикидо (демонстрациите на фотографиите се со него).

Повеќе пати е Републички карате првак на Македонија во тешка и во апсолутна категорија, но е првиот апсолутен шампион на самостојна Македонија во далечната 1991 година, вицешампион во тешка категорија на Југославија за младинци до 21 година и репрезентативец на СФРЈ, со учество на едно Европско првенство во Мадрид, Шпанија.

Marajan Dobrevski vo emirati 3

„За жал само во екипно борби. Тогашниот селектор, Драгослав Божовиќ, не ми даде шанса да се натпреварувам во поединачна конкуренција, од само нему познати прицини (читај политика). Учествував и на други меѓународни турнири со репрезентацијата на бивша Југославија“, истакнува македонската карате легенда.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone