Макпетрол со 7-мина каратисти на Гран при Кроација во Самобор
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Каратистите на Макпетрол од денеска настапуваат на 27.Меѓународен турнир ,,Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска, заедно со други македонски каратисти како последна проверка пред Европското првенство за кадети,јуниори и постари јуниори (У21), кое треба да се одржи во Сочи, Русија во првата недела на месец Фебруари-2018 година.

„Ова ќе биде прв турнир во новата година на кој ќе земеме учество. Во Маврово имавме еднонеделни зимски подготовки, како прв дел, кои успешно ги завршивме. За сите учесници ова е последна турнирска контрола, затоа примарно е да ја провериме формата на нашите репрезентативки Моника Пендаровска -55 кг и Анѓела Мојсовска -68 кг, секако тука се и останатите каратисти за да видат што треба да поправат во својот тактичко – технички дел на водењето на борбите“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

За Самобор заминаа:
1.Петар Заборски постар јуниор (У21) -75 кг.
2.Моника Пендаровска постара јуниорка (У21) -55 кг
3. Анѓела Мојсовска постара јуниорка (У21) -68 кг
4.Абдурахим Идриз јуниор -55 кг
5.Давуд Рамадановски јуниор -61 кг
6.Кристијан Бошковски јуниор -61 кг
7.Ева Блажевска јуниорка +59 кг

Инаку на овој турнир се пријавени 1254 спортисти во дисциплината борби (кумите), и 457 спортисти во дисциплината кати од вкупно 23 држави, а во отврената категоирја за сениори има и парични награди.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone