Макпетрол ги заврши подготовките за Премиер лигата во Париз (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Откако го реализираа вториот дел од зимските подготовки во Маврово, каратистите на Макпетрол се подготвени за настапот на овогодишниот прв турнир од Карате 1 Премиер лигата во Париз од 26-28 јануари.

Светската карате федерација (ВКФ) со новите правила наметна на турнирот да настапат најдобрите светски каратисти по рејтингот кој го имаат на светската ранг листа и тоа само прворангираните 64 учесници во секоја тежинска категорија и поединечно во дисциплината кати.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека „Макпетролци“ подготвени одат на турнирот и додаде дека ова за нив претставува почеток на новата сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега.

„Ние сме подготвени да ги прифатиме сите предизвици. За да ги подготвиме спортистите максимално добро на самиот старт на годината направивме во два наврати подготовки во Маврово. Оваа година ќе биде најнапорна до сега, бидејќи ако сакаме сериозно да се приклучиме и да имаме шанса да оствариме олимписка норма, мораме да бидеме присутни на турнирите кои се критериумски за собирање на бодови за пласман на Светската ранг листа на најдобри каратисти“, изјави Заборски.

Во вторник за Париз ќе заминат најдобрите сениорки:

Сара Радичевска -50 кг
Симона Заборска -55 кг
Наташа Стефановска -61 кг
Моника Стефановска -68 кг

Да потсетмие дека во Париз веќе неколку дена на тренинг камп се ноѓаат тројца картисти на сметка Карате федерацијата на Македонија и тоа: Берат Јакупи, Жарко Арсовски и Емил Павлов, предводени од тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone