Македонските боречки тренери ќе учат од Корнеев
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Македонскиот олимписки комитет органзираат олимписки семинар за обука на тренери по борење (слободен стил), кој ќе се одржи  на 17 и 18 октомври во Штип, информираат од ФБСМ и МОК.

Borenje i mok

Олимпискиот семинар ќе содржи теоретски и практичен дел, а учесници ќе бидат околу 30-ина тренери, претставници на боречките клубови од Македонија. Составен дел од олимпискиот семинар ќе бидат и нашите најдобрите борачи во слободен стил, сениори и јуниори.

Главен предавач на Олимпискиот семинар ќе биде Миколај Корнеев, експерт на Меѓународната боречка ассоциација UWW – FILA, ангажиран и целосно финансиран од МОК, за унапредување на македонското борење.

Отварање на семинарот е на 17 октомври 2014 год. со почеток во 18:00 часот, во спортската сала на БК „Балканец“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone