Македонија со двајца финалисти на „Златниот гонг“
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

 

Македонија ќе има двајца боксери во финалето на 47.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонег“ откако во полуфиналните борби четворица наши боксери се поразени, некои и незаслужено. Во финалето честа на македонскиот бокс ќе ја бранат Алмир Нуришов и Артан Алиу.

Денис Муаремовски загуби на чуден начин од многу добриот албански боксер Кренар Зенели во една ислкучително добра борба која заврши со резултат 1-2. Муаремовски и Зендели покажаа добра борба,но сепак победата, барем според наше миселење и на дел од пристуните стручњаци, требаше да му припадне на Денис. Овој праз многу тешко му падна на Муаремовски, од срце потекоа и созли.

Јасин Лама исто така прикажа добра борба, но еден момент како да беше одлучувачки. Љуљлим Исмаили го плати данокот на младоста наспроти искуството на Лазар Станојевиќ кој знаеше да го искористи секое мало невнимание, а во втората рунда на крајот го испрати во нокдаун нашиот боксер.

Алим Насуфи во една тактичка борба загуби од Венхар Хазирај од Косво кој форсираше борба со повеќе движење и од дистанца. Ова не му одговараше на нашиот боксер затоа што тој сака борба од близу. Сепак, мали нијасни во третата рунда ја решија борбата.

Една од повозбудливите борби беше меѓу Демјан Грмуша од Србија и Виолант Сулејмани од Косово која му припадна на Косовецот.

Тешкашите предзвикаа внимание кај публиката, посебно Марко Доциќ, за кого ова е како домашен терен бидејќи настапува за екипата на Пинк Пантер од Штип во Регионалната бокс лига.

Полуфинале резултати:

-60 кг МУАРЕМОИВСКИ ДЕНИС МКД – КРЕНАР ЗЕНЕЛИ АЛБ 1-2

-60кг МАТТЕО КОМАДИНА ХРВ – ЈАСИН ЛАМА МКД 3-0

-64кг ДЕМЈАН ГРМУША СРБ – ВИОЛАНТ СУЛЕЈМАНИ КОС 1-2

-69 кг ИСМАИЛИ ЉУЉЗИМ МКД – ЛАЗАР СТАНОЈЕВИЌ СРБ 1-2

-69 кг ВЕНХАРД ХАЗИРАЈ КОС – АЛИМ НАСУФИ МКД 2-1

-75 кг АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ БУЛ – СТЕФАН ПАНИЌ СРБ 0-3

-75 кг АРМЕНД НЕЗИРАЈ КОС – АРЈОН КАЈОШИ АЛБ 1-2

-81кг БЕКИМ ВЈЕРДА АЛБ – ФИЛИП СТАНКОВИЌ СРБ 2-1

-91кг ЕМИЛИЈАН ЏЕДИКУ АЛБ – ФРАН ХОДАК ХРВ 1-2

-91кг МАРКО ДОЦИЌ СРБ – ИСНИК МУХАРЕМИ КОС 3-0

Воведни борби

-54 кг Ѓошев Гоше МКД – Асанов Елес МКД 0-3

-63 кг Илиоски Трајче МКД – Демиров Алпај МКД 2-1

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone