Млада каратистка од БиХ го потресе регионот со емотивен ФБ пост!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Најдобрата младa каратистка на Босна и Херцеговина Ајла Махмутовиќ пред неколку дена го освои златниот медал на Државното карате првенство во У- 21. Но, неколку дена подоцна во емотивен пост на социјалните мрежи, кој предизвика реакција од земјата и од другите држави во регионот, објави дека не сака да патува на Светското првенство. Своето место го препушти на ривалката која може да го плати патот за Тенерифе. Таа и нејзиното семејство не можат да го направат тоа.

Нејзиниот ФБ пост го пренесуваме во целост …

„Некако од вантре ме боли што сега ќе ја споделам оваа вест со вас Без разлика на тоа што покажав дека сум најдобра и шампион на Босна и Херцеговина по седми пат, моето место на Светското првенство во Тенерифе ќе го преземе девојка која ја победив во финалето на Државното првенство минатиот викенд, а која може да го плати патувањето. Едноставно не можам да дозволам моите родители повторно да подигнат кредит и да влезат во долгови за да можам да ја претставувам својата држава!! Не би можела да ги погледнам моите три сестри во очите, кога знам колку работи би им одзела.

Мојата СКК „Неретва“” има да испрати 6 репрезентативци, најмногу од сите други клубови во БиХ. Поради финансиската состојба, но и за да не се прави дискриминација, никој од нас нема да оди.

На сите прваци во државата во нивните категории, а и оние кои имаат повеќе пари, и посакувам многу среќа на СП.

Полека да се одјавувам“, стои во емотивниот пост.

Не помина многу време, а многу добри луѓе се јавива за да и помогнат на девојките од Цазин. Набрзо е покрената и акција за собирање пари која заврши за само неколку часа. Освен од обичните луѓе, Ајла одеднаш доби поддршка и од политичарите, кои и оваа ситуација, како што обично бидува, ја видоа својата шанса за самопромоција.

Во четвртокот до полноќ се собрани потребните пари, тогаш младата спортистката ги замоли сите пролозите да ги уплаќаат за нејзините колеги од репрезентацијата, кои, исто така, не можат да го плататат патот на светската промоција на најдобрите каратисти и каратистки.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone