Ленокс Луис: Концентрираниот Кличко ќе му направи прблеми на Џошуа
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Dzosua klicko soocuvanje Njujoprk

Легендата на професионалниот бокс, Ленокс Луис, прогнозира дека Владимир Кличко може да му создаде сериозни проблеми на фаворитот Ентони Џошуа.

Големото дерби за титулите во тешка категорија ќе се одржи на 29 април во Лондон. Букмејкерите го сметаат Украинецот за сериозен аутсајдер.

„Кога го забележав вториот пораз во мојата кариера од Хасим Рахман во 2001-та, сите критичари рекоа со мене е завршено. Вистината го покажа токму спротивното. Го распалија уште повеќе огнот во мене. Се вратив по седум месеци и во реваншот го нокаутирав Рахман. Се што сакав е да и покажам на овие песимисти како мешаат баби и жаби. Дали тоа ќе се случи со Кличко? Дали ќе се разгори пламенот во него поради поразот од Тајсон Фјури? Кличко веќе знае дека треба цврсто да работи. Ова може да го мотивира за уште една борба. Не сум сигурен дали тоа ќе се случи, но ќе сфатите уште по првите две рунди од мечот“, изјави Луис за „Ивнинг Стандард“.

https://youtu.be/L3UE_RYSIpY

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone