Куба со 7 финалисти на Светското првенство, шлагворт Тишченко-Савон (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Кубанскиот национален тим е со феноменален настап на Светскиот боксерски шампионат во Хамбург (Германија). Боксерите од Островот на слободата се со седум претставници во финалето. Борбите за златниот медал се денеска во 18 часот.

Узбекистан има четири финалисти, а изненадувачки е силите како Франција, Азербејџан и Украина имаат само по еден боксер.

Двајца Кубанци ќе се борат четвртата последователна светска титула. Тоа се Лазар Алварез (60 кг) и Хулио Цезар ла Круз (81 кг).

Сепак, шлагот на СП е борбата во тешка категорија меѓу олимпискиот првак Евгени Тишченко (Русија) и Ерисланди Савон (Куба). На ОИ Савон беше оштетен во финалето против Тишченко кој го порази Кунабецот и на СП во Доха.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone