Кубанците најуспешни на СП во Доха, Јока и Ла Круз станаа светски шампиони (ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

aiba sp

Во четвртокот во Доха заврши AIBA Светското првенство во бокс и ги добивме новите светски шампиони и оние што освоија норма за Олимписките игри во Рио де Жанеиро идната година.

Одлични борби беа прикажани во финалето на Светската боксерско првенство, по што ги дознаваме десет нови светски шампион, но и пет боксери кои се изборија за настап на Олимписките игри следната година.

По одличниот прв ден од финалните борби љубителите на боксот можеа да уживаат и последниот ден, кога ги дознавме пет нови аматерски светски шампиони. Елвин Мамишзада од Азербејџан беше подобар од Кубанецот Веитија во мува категоријата. Кубанецот Алварез до титулата најдобар во лесна категорија дојде преку Алберто Селимов, додека Мароканецот Мохасмед раби успеаја да го надмине Казахстанецот Јелусинов во велтер категорија. Кубанецот Ла Круз дојде до третата светска титула по ред во полутешка категорија, откако го победи Вард Јосиф. На крајот, во супертешка категорија Французинот Тони Јока дојде до титулата со судиска одлука во мечот против Иван Дичко.

Со четири златни медали Кубанците се најуспешните на ова првенство, две титули на светски шампион отидоа кај Русите, додека по еден златен медал освоија Французите, Ирците, Мароканците и Азербејџанците.

Резултатите од финалето:

-49 кг, финале

Арилагос Џоанис (КУБ)- Василиј Јегоров (РУС) 3: 0

-52 кг, финале

Мамишзада Елвин (АЗЕ) – Веитија Јосбани (КУБ) 3: 0, ТКО

-56 кг, финале

Мајкл Конлан (ИРЛ) – Ахмадалијев Мурџон (УЗБ) 3: 0

-60 кг, финале

Лазаро Алварез (КУБ) – Селимов Алберт (АЗЕ) 3: 0

-64 кг, финале

Дунјацев Виталиј (РУС) – Гаиб Фазлидин Назаров (УЗБ) 2: 1

-69 кг, финале

Рабија Мухамед (МАР) – Јелусинов Данијар (КАЗ) 3: 0

-75 кг, финале

Арлен Лопез (КУБ) – Меликузијев Бектемир (УЗБ) 3: 0

-81 кг, финале

Хулио Ла Круз (КУБ) – Јосиф Вард (ИРЛ) 3: 0

-91 кг, финале

Евгениј Тишченко (РУС) – Ерисланди Савон (КУБ) 3: 0

+ 91 кг, финале

Тони Јока (ФРА) – Иван Дичко (КАЗ) 3: 0

На квалификациските натпревари за Олимписките игри во 2016 година.

-56 кг

Асанов Димитри (БУГ) – Шива Тапа (ИНД) 3: 0

-60 кг

Абдураимов Елнур (УЗБ) – Донато Робсон Консеинсао (БРЗ) 3: 0

-64 кг

Масук Вутичај (ТАЈ) – Толедо Лопез Јасинел (КУБ) без борба

-69 кг

Лиу Веи (КИН)- Парвиз Багхиров (АЗЕ)

-75 кг

Хосам Абдин (ЕГП) – Мајкл О’Рајли (ИРЛ) 3: 0

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone