Кро Кап: Федор е најголемиот во историјата и тоа никој не може да му го оспори!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Ако го прашате Мирко Филиповиќ, за него не постои сомнеж – Федор Емилијаненко е најголемиот ММА борец во историјата на овој сè уште релативно млад спорт.

Овие две легендарни имиња ја обележаа ерата која слободните борби ги доживуваше во златните денови на јапонскиот Прајд, а нивната средба на Прајд Конфликт од 2005 година некои и ден-денес ќе ја наречат најголемата и најдобрата пресметка во тешка категорија која се одржала во рамките на правилата на слободната борба.

Тоа беше меч кој дополнително го зацвртси нивното почитување, а за тоа најдобро сведочи изјавата на Мирко, 12 години подоцна, штоа ја даде на прашањето за најголем борец во историјата на МЛД.

„Никој не може да му го оспори тоа на Федор. Имаше серија од 22 победи и ги победи сите најголеми имиња. Никој не може да му го оспори тоа, иако многумина се обидуваат, но, како и секогаш, ќе има оспорувачи“, Филиповиќ не се колебаше при гостувањето на Н1 телевизијата.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone