Кличко: Тоа што борбата е на Вембли е во моја корист
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Dzosua i Klicko po pres Nj

Владимир Кличко неодамна во Њујорк изјави дека чувствува олеснување бидејќи против Ентони Џошуа ќе се бори на домашен терен.

Украинецот кој Германија ја смета за домашен терен, на 29 април ќе го предизвика шампионот во ИБФ на Вембли пред 90.000 фанови.

Верува дека атмосферата и високите очекувања ќе ја стават младата ѕвезда под многу поголем притисок.

40-годишниот Украинец поголемиот дел од кариерата ја помина како главна атракција и А-страна во промоцијата. Борбата против Александар Поветкин во Русија пред три години, кога убедливо го порази предизвикувачот, му дава самодоверба пред гостувањето во Англија.

„Искрено, среќен сум што не се борам дома. Фактот дека повеќето гледачи на стадионот ќе бидат навивачи на АЏ, а не мои. Тоа го очекувам. Ми се допаѓа кога не се борам дома. Се борев со момчињата од САД, овде во Граден. Во 1999 година се борев против Германецот Аксел Шулц, кога 99 отсто од гледачите беа против мене. Така што, ми се допаѓа кога не се борам на домашен терен. И мислам ќе биде предизвик за АЏ да се бори дома и со подготовките и со сè друго. Подраго ми е да се борам во земјата на противникот и во неговиот роден град. Искрено, тоа е предност за мене“.

27-годишниот Ентони Џошуа кој е лондонското предградиет Вотфорд не гледа така на тоа.

„Под притисок од пукаат цевките или настануваат дијаманти. Разбирате што сакам да кажам? Така е како што е. 90.000 во Велика Британија. Одиме“.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone