Кличко повика двајца двометраши на спаринзите во Австрија
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

robert-helenius-training (6)

ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, во спаринг мечевите за борбата соТајсон Фјури ќе ги користе услугите на двајца непоразени двометраши.

Финецот Роберт Хелениус (21-0, 13 КО) и Швеѓанецот Адријан Гранат (8-0, 7 КО) ќе му се придружат на Украинцот на две недели за време на подготовкитеа во Австрија.

И двајцата беа избрани поради сличноста со висината и тежината на Фјури, иако тие не го имаат боречкиот стил на Тајсон. Финецот е висок 2 метри и Гранат 202 сантиметри.

Хелениус на 19 декември го чека борбата против европскиот шампион Еркан Тепер.

Бидејќи и Кличко и Фјури бараа ист профил  на спаринг партнери, Тајсон се одлучи да се потпре и на помошта на кикбоксерите Бенјамин Адегубиј и Рико Верховен.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone