Кличко не се повлекува во скоро време од боксот, го брка рекордот на Џо Луис! (ФОТО/ВИДЕО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

klicko so pojasi fjuri

Владимир Кличко нема намера да се повлече во наредните две години. Ова го соопшти неговиот менаџер, Бернд Бонте, кој ја кажа долгочекуваната вест за обновениот телевизиски договор на светскиот шампион во тешка категорија со германската телевизија РТЛ. Украинецот го парафираше договор на уште пет мечеви. Првиот од нив ќе биде во октомври против непоразениот британски гигант Тајсон Фјури. Кличко и РТЛ соработуваат од 2006 година.

W

Со последната средба против Брајант Џенингс заврши важноста договорот. Новиот договор ќе му овозможи на Кличко да ја нападне апсолутната светска титула во тешка категорија, кога идната година ќе се бори со Дионтеј Вајлдер. Освен тоа, Украинецот има реални шанси да има меч со Александар Поветкин .

W

Договорот ќе му овозможи на Кличко да нападне уште едно уникатно достигнување – за светски шампион во тешка категорија, кој најдолго време е носител на круната. Во моментов овој рекорд го одржи од Џо Луис – 11 години , 8 месеци и 8 дена. Кличко е втор со 9 години и 3 месеци.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone