Кличко до Џошуа: Честитки шампиону и продолжи да удираш!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Боксерската легенда Владимир Кличко му честиташе на Ентони Џошуа за победа против Карлос Такам.

Како што е познато, Британцот заработи многу негативни поени од навивачите поради начинот на кој шампионот на ИБО, ИБФ и ВБА ја обезбеди 20-тата победа во 20-тата професионална средба.

Џошуа доби мечот со технички нокаут, откако англискиот судија Фил Едвардс ја прекина средбата во 10-тата рунда. Ова предизвика бран на незадоволство на социјалните мрежи.

Сепак, Кличко сепак не се приклучи кон општото мислење, а го искористи неговиот профил на Твитер, за да испрати пофална порака до светскиот шампион.

„Честитки шампиону и продолжи да удираш“, се вели во статусот на Владимир Кличко.

Потсетуваме дека токму Џошуа со технички нокаут го собори од тронот ветеранот Кличко на преполниот „Вембли“ на 29 април 2017 година. Неколку месеци подоцна Украинецот официјално стави крај на кариерата.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone