Кикбосерите на Шампион освоија 4 медали на Европскиот куп Карловац опен, Ледон Рамадани златен
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Кикбоксерите на Шампион од Скопје на Европскиот куп „Карловац опен 2018“ во Хрватска освоија четири медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени. Сребрениот медал и една бронза се во сениорска конкуренција, втората бронза е во јуниорска и златато е во конкуренција на деца, но со најглем впечаток.

Ледон Рамадани (-47 кг) го освои златниот медал во кик лајт за момчиња совладувајќи го во финалето Бенце Чабо од Унгарија.

Рамадни славеше против Хамоди Татук од Израел со 3-0, Стефан Векиќ од Хрватска 3-0 и во финалето против Чабо 3-0.

Викторија Варадинова (-60 кг) во јуниорска конкуренција го освои брозениот медал во кик лјат. Таа се бореше со Викторија Ковач од Унгарија, при што борбата заврши 0-0, а понатаму отиде Унгарката.

Стаменковска Мимоза (-60 кг) се закити со сребрениот медал во сениорска конкуренција во кик лјат откако беше поразена во финалето од Италијанката Елиса Карсана. Стаменковска која директно се пласира во финалето загуби со 0-3 од Карсана.

Сениорката Силвана Вељановска (-50 кг) во кик лајт освои бронзен медал. Вењановска е поразена од Гордана Марјановиќ од Србија со 0-3.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone