Кендо клубот Јошин по успехот во Солун на прием во АМС
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

kendoreprezentacija-so-spaseski-11-2016

Македонскиот Кендо-клуб Јошин од Скопје денеска имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, откако го освои златниот медал во екипна конкуренција на престижниот Меѓународен турнир „Солун опен“ во Грција, а Владимир Кесковски беше најдобар во поединечна конкуренција, додека Ивона Лазаровска го освои третото место (кју).

kendo-reprezentacija-priem-vo-ams-11-2016

Директорот Спасески ја искористи оваа прилика да им честита на спортистите за големиот успех и им порача да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност,
„Ми претставува сатисфакција тоа што со превземените мерки за развој на спортот на Агенцијата за млади и спорт како што се стипендиите за млади талентирани спортисти до 20 години, мерките почнаа да даваат резултати. Владимир Кескоски и Матеј Ивановски беа стипендисти на Агенцијата за млади и спорт до 20 години и веќе почнаа да постигнуваат високи резултати. Драго ми е што и останатите спортисти постигнаа високи резултати како Ивона Лазаровска која го освои третото место (кју), а Андреј Атанасовски, Матеј Ивановски и Александар Петрески стигнаа до четврт-финалето, додека Владимир Кесковски беше најдобар и во поединечна конкуренција освојувајќи го златото во сениорска конкуренција. На крај, сакам да му честитам и на Златко Кескоски кој беше втор во категоријата сениори“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и додаде дека резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека кендо-иаидо во нашата држава е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште високи резултати.
kendo-reprezentacija-priem-ams-na-masa-11-2016
Од страна на Златко Кескоски претседател на Кендо-иадо федерацијата на Македонија беше изразена големата благодарност за помошта која Агенцијата за млади и спорт посебно за стипендиите за млади спортисти, како и за програмата за стручно усовршување во странство каде Владимир Кескоски беше испратен во Јапонија на стручно усовршување и спортско надобразување, со што со стекнатото знаење од Јапонија успеа да го направи овој голем резултат.

Кендото во Македонија е во нагорна линија, особено по организацијата на Европското првенство во Скопје оваа година на кое на отворањето присуствуваше и амбасадорот на Јапонија во Виена-Австрија, кој е надлежен и за нашата земја.

Да потсетиме дека во финалниот меч момците на Златко Кескоскио беа подобри од клуб од Атина, кој е еден од најдобрите клубови во Грција.

На турнирот во Солун, кој се одржа по 11-ти пат, настапија над 200 натпреварувачи од 24 екипи, најмногу од Грција, но и од Англија, Унгарија, Италија, Белгија и од Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone