Кај се парите од Европксото првенство во борење претседателе?!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Sobranie borenje2015-10-30 13.33.31

Денеска во Скопје се одржа редовното Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на кое на дневен ред беа повеќе точки. Но, најголемо внимание предизвика точката за извештајот на претходното раководтсво на ФБСМ, однонсо претседателот Чедо Николовски.

Конкретен извештај немаше, бидејќи, како што рече Николовски, не му било испратена покана за Собранието, ниту, пак, добил некакви материјали. Љупчо Лазаревски од канцеларијата на ФБСМ истакна дека му ги пратил сите материјали. На инсистирањето на претседатлот Ванчо Чифлиганец дали има извештај, Николовски рече дека има и дека немал на кого да го достави, па беше решено да го чита. Но, по другите вербални ситуации тоа не се случи.

Straso Cedo2015-10-30 13.33.39

Имено, спортскиот директор, Насе Насев, јавно го праша Николвски да се произнесе кога му дал 10 илјади денари за време на ЕП за кадети во Скопје, нешто што беше кажано на една емисија, а за кои насе вели дека се за шофер за да го носи турскиот делгат за Битола.

Николовски:„Да, ти дадов, за телефон“.

Назми Али-Тефјуз:„Мене ми даде 8 илјади за да го носиме делегатот во Битола и Охрид, кој рече дека најубаво си поминал, зашто го посетил видел каде учел Кемал Ататурк. А со Насе не знам што правел“.

Али праша кај се парите од ЕП, 300.000 евра и дека некои клубови добиле по 20 илјади евра.

Хасан Билсими-Скопје:„Ти ми рече (кон Николовски) дека Насе земал 20.000 евра“.

Назми Али рече дека по заслуга на Насе ЕП се одржа во Скопје.

Николовски:„Ниту сум рекол, а ниту некој може да земе“.

Чедо побара да му се овозможи пристап до документацијата за да го направи извештајот.

Рубин од прилеп посочи дека 33 илјади евра не се затворени, но и дека има укажувања од УЈП дека државата е оштетна за персонален данок.

Чифлиганец консттаираше дека има многу незатворени фактури и дека кривично ќе одговара ако не ја кажи вистината.

Оваа точка не се усвои туку се даде рок од 15 дена да се направи извештај, а ќе бидат вклучени Николовски, Глигоров, Али и Рубин.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone