Карате центар Пејов жнееше медали на турнирот „13 Ноември“ (ФОТО)
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Карате центар Пејов освои 21 медал на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ по повод ослободувањето на Скопје, од кои 2 златни, 3 сребрени и 16 бронзени.

Тренерот Зоран Пејов ги истакнува настапите на повозрасните натпреварувачи кои всушнот ги направија посјајните медали. Александар Тодоровски и Тамара Јанковска освоија злата во кати во поединечна конкуренција, а Јанковска има бронза и во борби. Анастасија Димитрова освои сребрени медали и во кати и во борби во поединечна конкуренција. Михаил Ташковски освои бронза во кати, како и Билал Хаџикамбер.

Женскиот ката тим и тимот во борби во состав Ивана Тодоровска, Анастасија Димитрова и Тамара Јанковска освоија бронзи. Медали уште освоија Еда Јусуф, Марија Апостолова, Давид Апостолов, Андреј Георгиев, Алесандро Миошевиќ, Петрос, Марко, Илија Хаџидаловски, Дарин…

На турнирот настапија 380 натпреварувачи од повеќе соседни земји и Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone