Карате репрезентацијата по нови успеси во Истанбул
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

karate podgotovki za ei

Утре и во недела сениорската карате репрезентација на Балканското првенство во Истанбул, Турција, ќе се обиде да го надмине ланскиот успех од Чачак-Србија.

Да потсетиме дека Симона Заборска го освои сребрениот медал во категоријата до 55 килограми, по поразот од хрватската репрезентативка Јелена Ковачевиќ сo 0-1.

Заборска имаше импресивен старт совладувајќи ја Бугарката Бетина Батаклиева со 6-1, потоа Бранка Аранѓеловиќ (Србија) 1-0, па Ива Клепиќ (БиХ) 5-0 и во полуфиналето Туба Јакан од Турција со 2-0.

Сара Радичевска го освои бронзениот медал во категоријата до 50 кг. Таа ја победи Уна Халилагиќ (БиХ) 3-0, но загуби од Серап Озечик (Турција) 1-4. Бидејќи Турчинката отиде во финалето, Радичевска во репасажот ја победи Мевлида Делиќ (БиХ) 2-0 и го освои третото место.

Женскиот и машкиот ката тим ги освоија третите места. Женскиот тим ја победи Србија 4-1, а загуби од Хрватска 2-3. Машкиот ката тим го освои третото место по поразот во првата средба со Србија од 5-0.

Женската екипа во борби го освоиу бронзениот медал, совладувајќи ја Црна Гора беше подобра при резултат 1-1, совладувајќи ја претходно Хрватска 1-0, тоа беше доволно за бронзениот медал. Инаку, во првиот меч загуби од Турција 6-0. Додека машкиот тим со 2-0 беше поразен од Босна и Херцеговина.

Виктор Крстевски (-84 кг) загуби во финалето од Милош Јовановиќ од Србија со 4-2 и го освои сребрениот медал.

Крстевски на патот до финалето ги совлада Дамир Зидар од Босна и Херцеговина, откако борбата заврши 1-1 судиите победата му ја доделија на нашиот репрезентативец. Потоа се редеа победите над Александар Шестаков (Србија) 5-3, Садик Садик (Бугарија) 3-0 и Мерис Муховиќ (БиХ).

Годинава 39 натпреварувачи ќе дадат се од себе за поголем успех, а Мартин Несторовски, Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Заборски, Ненад Ќелебиќ, Симона Заборска, Наташа Стефановска,ката тимовите и екипно борби, како и останатите каратисти имаат мотив да успеат, бидејќи се брка место во репрезентацијата за ЕП и СП.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone