Застрелан репрезентативецот Халил Зубаиров, се бори за живот!
Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone

Halil Zubairov profil

Репрезентативецот на Македонија, Халил Зубаиров,кој настапува во слободен стил (до 86 кг), е застрелан во престрелка што се случила во неговиот роден град Махачкала, Русија.

Тој е тешко ранет во престрелка и се бори за животот. За овој случај сѐ уште нема официјална потврда. Според информациите извори на IPON.mk, неговите клупски другари се организирале да дадат крв со цел да помогнат да се спаси животот на младиот борач.

Покрај него, во престрелката полесно се ранети неговиот татко Алибег Зубаиров и братот Магомед.

Според последните информации, Зубаиров е свесен, а докторите прогонозираат целосно закрепнување за 2-3 месеци.

Зубаиров е носителот на бронзениот медал од последното Европско првенство (У- 23) во Послка и потенцијален олимпиец. Тој настапи и на Светското првенство во Лас Вегас, САД, а претходно и на Европксите игри во Баку, Азербејџан.

Инаку, Зубаиров е член на БК Вардар од Скопје, кој настапува во бундеслигашот СВГ Вајнгартен и утре требаше да се бори против екипата на Нендинген, заедно со Нуров.

 ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...

Сподели...
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on PinterestEmail this to someone